Пет активни пожари и еден под контрола регистрира Центарот за управување со кризи до 13 часот. Вкупно имало девет пожари од кои три се изгаснати.
Активни пожари има кај селото Крушеани и на потегот меѓу селата Подвис и Кривогаштани во општина Кривогаштани, кај Ново Село во истоимената општина, кај селото Добрејци во општина Струмица и кај селото Клепач во општина Прилеп.
Под контрола е пожарот меѓу општините Македонски Брод и Сопиште поточно кај селото Белица кој е проширен кон Јасен/

