Во текот на изминатото деноноќие полицијата привела 16 лица на повеќе локации низ државата, откако при контроли и прегледи кај нив биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја.
Во Скопје биле приведени три лица на возраст од 29 до 35 години, кај кои биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја. Пет лица биле приведени кај местото „Суви Лаки“ во Беровско, откако полицијата при контрола на автомобил пронашла марихуана.
Во Тетово во два одделни случаи биле приведени 33-годишник од Порој и 19-годишник од Горно Седларце, кај кои исто така била пронајдена марихуана.
Полицијата привела и 43-годишен охриѓанец на патот Охрид – Кичево, 20-годишник од кумановското село Сопот и 26-годишник од Кичево затекнат во Прилеп. Во Битола бил приведен 41-годишник кај кого била пронајдена прашкаста материја, како и двајца битолчани во атарот на Братиндол, при што кај едниот била пронајдена марихуана.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

