Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче во изјава за медиуми рече дека владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во САД брои над 50 луѓе и дека Мицкоски не е на списокот на државници со кои ќе се сретне американскиот претседател Доналд Трамп.
Го гледаме периодов на посета служба во САД, огромна делегација кој знае колку луѓе се отидени и кои ги плаќаат тие силни трошоци. Нашите информации се дека над 50 луѓе вкупно се заминати во Америка. Денеска е објавен списокот на државници, функционери со кои што ќе се сретне претседателот Трамп, Христијан Мицковски не е на тој список, рече Филипче.
Оцени дека политиките на Мицкоски го нарушуваат партнерствата со САД и Европската Унија.
Очигледно е дека Американската администрација добро знае дека Христијан предводи Влада која што во земјава носи кинески пари, спротивно на заедничките наши интереси на нашиот партнер со Соединетите Американски Држави, рече Филипче.

