Медиумските куќи Си-Ен-Ен, Ем-Ес Нау и Политико најавија дека дека ќе покренат правна постапка против Администрацијата на САД поради одлуката на американскиот претседателот Доналд Трамп да им го ускрати пристапот на нивните новинари до Белата куќа.
Си-Ен-Ен, Ем-Ес Нау и Политико известуваат дека веќе ја информирале Американската администрација за тужбата, што ја поднесуваат пред Федералниот суд во Вашингтон.
Тие посочуваат дека со оваа тужба сакаат „да ги одбранат уставните права на своите новинари“.
На новинарите од Си-Ен-Ен, Ем-Ес Нау и Политико им е ускратен пристапот до Белата куќа од крајот на минатата недела со одлука на Трамп, затоа што овие медиуми, според него, „постојано шират лажни вести“.
Незаконит напад врз основното право
Медиумските куќи претходно најавија дека планираат да се обратат до судот „за да ги заштитат уставните права на своите новинари“.
„Според Уставот на САД, имаме право да известуваме непречено, односно без мешање од страна на владата. Оваа забрана претставува незаконит напад врз ова основно право“, соопшти по тој повод Си-Ен-Ен.
Итно рочиште можно уште оваа недела
Според Си-Ен-Ен, можно е итно рочиште по нивната тужба да се одржи уште во текот на оваа недела.
Белата куќа засега не реагираше најавата за тужба.

