Најмалку четири лица загинаа, а шестмина други се ранети при руски воздушни напади во украинскиот регион Дњепропетровск, соопшти регионалниот гувернер Олександр Ганжа во објава на „Телеграм“.
Според медиумските извештаите, во текот на вечерта и минатата ноќ врз Украина биле лансирани најмалку 212 дронови и непознат број ракети.
При руските напади погоди се различни цели во градовите Дњепро, Павлоград и Криви Рих, родното место на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Руската армија соопшти дека нападите биле насочени кон индустриски и воени цели, како и кон пловни објекти што ги користи украинската армија.
Во друг руски напад, во северниот регион Чернихив, била погодена и енергетската инфраструктура, како последица на што 100.000 семејства останале без електрична енергија.
Украина стравува дека со приближувањето на зимата, Русија почесто ќе изведува напади врз енергетските постројки.
Во меѓу време, украинската армија соопшти дека синоќа гранатирала неколку нафтени постројки во руските региони Уфа и Самара.
Според извештаите на руските медиуми, како последица на нападите на двете локации избувнале пожари.

