Од утре попладне под влијание на циклонска активност ќе се промени времето. Утре во текот на ноќта кон сабота се најавуваат врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 литри на метар квадратен). Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури.
За денеска се најавува ведро и постудено утро, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје, слично време со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени.

