Еден месец по катастрофалните поплави што збришаа цели села во северниот дел на Непал, земјата ја погоди силен ураган, што предизвика нови поплави во повеќе реони, вклучитечно и во главниот град Катманду.
Како што јавуваат медиумите, реките „дивеат“, мостовите се или урнати или затворени, а патиштата се претворени во калливи бари.
Постои стравување дека планинските падини би можеле да бидат натопени со вода што би предизвикало нови одрони на земјиштето.
Патувањето е забрането во повеќе области, а активностите за доставување помош е во застој, бидејќи поплавите и штетите што тие ги предизвикаа го отежнуваат пристапот до загрозените подрачја.
На 26 август одрон од глечер поттикна наноси од кал, вода и карпи во пограничниот регион меѓу Непал и кинескиот регион Тибет, кои предизвика огромно уништување и бројни жртви.
Само во Непал загинаа повеќе од 1.400 луѓе, а речиси 6.000 други, меѓу кои и неколку стотици странци, сè уште се водат како исчезнати. Во Тибет, пак, се евидентирани 43 загинати, а 519 лица сè уште се водат како исчезнати, меѓу кои и 261 странец од 23 различни земји.

