Мнозинството Швајцарци на денешниот референдум се изјаснија против предлогот за построгата примена на вековниот принцип на неутралност на државата, јавија швајцарските медиуми.
Според неофицијалните резултати, 70,15 проценти од гласачите се изјасниле со „не“, додека 29,85. отсто гласале „за“. Излезноста на референдмот беше 47,06 проценти.
Референдумот беше организирана на барање на десничарското популистичко здружение „Про Швајцарија“, кое смета дека земјата се „премногу се приближила до ЕУ и НАТО“ од почетокот војната меѓу Русија и Украина, па затоа „постои потреба од посилна дефиниција на швајцарскиот принцип на неутралност“. Здружението „Про Швајцарија“ е поврзано со десничарската Швајцарска народна партија (СВП).
Здружениетосо референдумот бараше швајцарската неутралност да се применува „трајно и без исклучок“, како и дека Швајцарија мора да ги задржи своите воени капацитети, да потврди дали одредени санкции се усвоени на ОН пред да им се приклучи, не смее да се вклучува во странски конфликти и „никогаш нема да се приклучи на воени сојузи – без непријателски напади“.

Во првата реакција на резултатите, швајцарскиот министер за надворешни работи Игнацио Касис изјави дека е задоволен од отфрлањето на референдумот.
„Резултатот не е глас против неутралноста. Швајцарија беше неутрална вчера, неутрална е денес и ќе остане неутрална во иднина“, изјави Касис.
Сепак, тој нагласи дека светот денес е непредвидлив, што создава потреба земјата да „ја проценува секоја ситуација одново и одново“.
Швајцарската неутралност е светски познат принцип кој датира од пред повеќе од 100 години. Државата официјално е призната по завршувањето на Наполеоновите војни во 1815 година, а од 1848 година принципот на неутралност е инкорпориран во Уставот на Швајцарија.

