Од денес до среда во Скопје ќе се одржува 12. Фестивал на европската литература BookStar под мотото „Чуму слободата?“ / „FREE AT LeAST?.
Трите фестивалски денови ќе бидат исполнети со средби со европски и македонски автори, разговори, книжевни читања, поткасти, дебати и неформални фестивалски настани.
Годинашното издание ги отвора прашањата за слободата, личната и колективната меморија, книжевноста и историјата, но и за светот што забрзано се менува под влијание на технологијата и вештачката интелигенција.
Фестивалот официјално ќе биде отворен вечерва во Лабораториум, а програмата започнува уште во 13 часот со средба на шпанскиот автор Елој Морено со ученици од средни училишта во Театар Комедија.
Странските автори кои годинава доаѓаат во Скопје се ексклузивни имиња на европската литература како Јап Робен (Холандија), Елој Морено (Шпанија), Лилјана Коробка (Молдавија/Романија), Мартина Видаиќ (Хрватска), Гузел Јахина (Казахстан), Саша Бронвасер (Холандија).
Во програмата се вклучени и над 30 македонски учесници, меѓу кои Влада Урошевиќ, Снежана Стојчевска, Александар Русјаков, Лилјана Пандева, Оливера Ќорвезироска, Петар Андоновски, Иван Шопов, Фросина Пармаковска и многу други.

