Запалени столбови за електрична енергија кај селото Секирник ги остави без струја селата Иловица и Штука, а Босилово и други населени места без вода за пиење од филтер станицата во Иловица.
Според градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, мрежата од страна на ЕВН се уште не е оспособена поради комплетно оштетување на неколку електрични столбови.
Поради овој проблем, од вчера не работи и филтер станицата за вода во Иловица.
Се очекува денеска до 13:30 часот да се постават нови столбови од страна на ЕВН, па дополнително да се произведе вода и да се наполни системот, што значи дека вода во водоснабдителниот систем Иловица најверојатно ќе има дури вечер, изјави Манчев.
Поради тоа што за кратко време имало неколку пожари во тој дел од Секирник, случајот се истражува од надлежните органи.

