Три лица од Пробиштип и Зелтово се приведени откако кај нив е пронајдена дрога. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека приведени се МА.(34) од с.Злетово, К.Т.(23) од Пробиштип и К.А.(30) од с.Злетово.
При претрес во домот на М.А. во Злетово, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени грутчеста материја и една дробилка, а при претрес во домот на К.Т. во Пробиштип, извршен, исто така, со судска наредба, пронајдена е марихуана.
И во домот на К.А. во Злетово, со судска наредба е извршен претрес без негово присуство, но со присуство на неговите родители, пронајдени се и одземени неколку пакувања со грутчеста материја, марихуана, семки од растението канабис, две дигитални ваги, една дробилка со остатоци од марихуана и предмети со остатоци марихуана. Додека траел претресот во неговиот дом, тој со возило дошол пред дворот, по што е лишен од слобода.
Против тројцата е поднесена кривична пријава, а од судија на претходна постапка на К.А. му е определена мерка притвор од 30 дена и е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на мерката.

