За денес се најавува претежно облачно и постудено време со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните делови,а поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во повремен снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Во текот на неделава ќе преовладува променливо облачно и постудено време, а во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h.

