Со продолжување на нападите врз руските рафинерии, украинскиот претседател Володимир Зеленски придонесува за пораст на цените на нафтата на глобално ниво, што е срамно, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за информативниот канал „Њузмакс“.
Трамп, исто така, го обвини својот украински колега дека ги попречува напорите за постигнување компромис за ставање крај на војната во Украина.
„Потешко ми е да соработувам со Зеленски отколку со (рускиот претседател Владимир) Путин“, рече Трамп.
Реакцијата на Трамп следи по вчерашната изјава на Зеленски дека повеќе нема да го почитува американското барање да не се напаѓаат руските енергетски постројки.
Зеленски, исто така, ги повика САД да не застануваат на страната на „агресорот“.
Во пресре на американските избори на 3 ноември, Трамп склучи договор со Русија за извоз на руски дизел, што дополнително ги затегна односите меѓу САД и Украина.

