Владата на Азербејџан воведе забрана за носење облека во образовните институции, „што го нарушува принципот на секуларност“.
Ваквата одлука значи дека на ученичките и наставничките им се забранува носење шамии за покривање на главата во училишните објекти.
Уставот на Азербејџан наведува дека земјата е секуларна, но се гарантира правото на слободно практикување на сопствената религија. Сепак, Владата инсистира на секуларност, па оттука и новата директива со која се забранува „облека во образовните институции што го нарушува принципот на секуларност“.
На овој начин, од учениците и наставниците се бара да покажат „униформност во облекувањето“. Со новиот кодекс на облекување, наставниците треба да ги претставуваат „професионалните принципи, што би требало да придонесе за угледот на училиштата“.
Според државната агенција АПА, дозволена е облека што „ја претставува историјата, културата, како и националните и моралните принципи на Азербејџан“, но само за време на празници и со изречна дозвола од надлежните органи.
Повеќе од 90 отсто од населението во Азербејџан се муслимани, од кои околу 65 отсто се шиити, па многу ученички и наставнички редовно носат шамии.
Од воведувањето на новите правила, на ученичките и наставнички кои носат шамии им е оневозможен влезот во училиштата.
На социјалните мрежи кружат видеа од револтирани девојки на кои повеќе не им е дозволен пристап до училишните згради и не можат да присуствуваат на наставата.

Ова доведе до протести, кои се ретка појава во Азербејџан. Според активистите, веќе се уапсени најмалку 200 лица. Исто така, се тврди дека пристапот до ТикТок, Инстаграм и други платформи на социјалните мрежи е привремено ограничен.
Меѓународни реакции
Од странство пристигнуваат остри критики упатени кон новите правила на Владата и кон начинот на кој таа реагираа на протестите на граѓаните.
„Амнести интернешнел“ бара од Владата да го укине новиот кодекс на облекување, да им овозможи на девојчињата што носат шамии пристап до училштата и итно ослободување на уапсените демонстранти.
„Оневозможувањето на девојчињата да влезат во училниците само затоа што носат хиџаб претставува дискриминација и кршење на нивното право на образование. Секуларниот карактер на јавното образование не може да послужи како оправдување за општа забрана на верската облека“, се наведува во соопштението на „Амнести“
Азербејџанските власти мора да ги повлечат дискриминаторските ограничувања и да овозможат ученичките и наставничките што се погодени од овие мерки да се вратат на училиште,
„Амнести интернешнел“
И соседна Турција не задоволна од новите мерки. Главниот советник на турскиот претседателот Реџеп Тајип Ердоган, за време на чие владеење Турција отстапи од строго придржување кон принципите на секуларизмот, новите правила во Азербејџан ги нарече „неприфатливи“ и побара од владата во Бака „да ја исправи оваа грешка“.
Слични критики упатија и неколку турски пратеници.
Реакцијат на Турција се објаснува преку силните врски меѓу двете земји. Турската и азербејџанската Влада често зборуваат за „еден народ, две држави“. Турција, исто така, му пружи значителна помош на Азербејџан за време на конфликтот со Ерменија околу Нагорно-Карабах.
Сепак, останува да се види дали азербејџанскиот преседател Илхам Алиев ќе попушти пред турскиот притисок.

