Македонското здравство се опремува со 100 нови амбулантни возила за Итната медицинска помош. Дел од возилата ќе бидат наменети за здравствените установи во Скопје, а дел ќе бидат распоредени низ градовите.
Со набавката на новите амбулантни возила се обновува застарениот возен парк во здравството и се очекува да се подобри брзината на интервенциите при итни случаи.
Премиерот Христијан Мицкоски сподели видео од возилата кои се паркирани кај салата „Борис Трајковски“ каде денеска ќе бидат промовирани.

