Укинување на директниот избор на членовите на Европскиот парламент, намалување на бројноста и ингеренциите на Европската комисија и овозможувања на земјите членки на Унијата да водат посамостојни политики.
Ова се главните поенти од Политичката програма на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АФД) за иднината на Европската Унија, што лидерката на партија, Алис Вајдел утре ќе ја претстави во Европскиот парламент.
Промоцијата на визијата на АФД за идните односи во блокот доаѓа во време на зајакнување на позициите на десничарските партии низ Европа. Партијата дополнително ддоби на сила по победите на покраинските избори во Саксонија-Анхалт и Мекленбург-Западна Померанија одржани минатитот месец.
Во документот на АФД, во кој увид имал бриселскиот информативен сајт „Политико“, се наведува дека партијата во прво време нема да бара излез на Германија од ЕУ или од Еврозоната и наместо тоа ќе бара нови преговара за основните договори на Унијата, со цел намалување на овластувањата на блокот и на неговите институции и буџет.

Кога станува збор за институциите на ЕУ, АФД сака укинивање на директните избори за Европскиот парламент и наместо тоа членовите на ова тело на Унијата да бидат делегирани од националните парламенти на земјите членки.
АФД предлага и намалување на бројноста на Европската комисија и сведување на нејзината улога на чисто административна, како и пренесување на надлежностите на одлучување во рамките на ЕУ на Европскиот совет, кој го сочинуваат шефовите на држави или влади на членките на Унијата.
Исто така, партијата сака да ја замени највисокота судска инстанца на блокот, Судот на правдата на ЕУ со арбитражен трибунал со надлежност за надминување на споровите меѓу владите на земјите членки.
Планот на АФД предвидува и драстично намалување и ограничување на буџетот на ЕУ, замрзнување на вработувањата во европските институции, како и укинување на повеќето агенции на Унијата.

Партијата предлага и укинување на приходите на ЕУ од наплатата на ДДВ и данокот на пластика, потоа доделување поголема моќ на одлучување во Европската централна банка на посилните економии од Еврозоната, како и отфрлање на палновите за воведување на дигитално евро.
Понатаму во делот на националните политики, АФД бара Берлин да биде изземен од обврската за почитување на правилата на ЕУ кои се однесуваат на миграцијата, оданочувањето, социјалната политика, одбраната и заедничкото задолжување.
Во документот се посочува дека овој план се предлага во пресрет на 2029 година, кога ќе се одржат следните европски избори и за кога се предвидени редовните сојузни избори во Германија, по кои и во Европскиот парламент и во Бундестагот би можело „да стане реалност ново патриотско десничарско мнозинство“.
АФД на крајот посочува и дека доколку реформите што таа ги предлага не успеат или не бидат прифатени, тогаш партијата ќе иницира референцума за понатамошното членство на Германија во ЕУ.

