Дваесеттото издание на South East Europe Media Forum (SEEMF) ќе се одржи денеска во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, под мотото „Поблиску до регионот, посилни во Европа: Улогата на комуникацијата и медиумите во зајакнувањето на имиџот, отпорноста и безбедноста на Европа“.
Форумот ќе трае од 10 до 19 часот и ќе собере претставници на медиумската заедница, новинари, уредници, експерти и високи претставници на институции од регионот и Европа, кои ќе дискутираат за актуелните предизвици и улогата на медиумите и комуникацијата во современото општество.
Меѓу најавените говорници е и претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова. Програмата предвидува утринска свечена сесија за отворање, тематски панели и дискусии посветени на регионалниот дијалог, професионалното новинарство и значењето на медиумите во зајакнувањето на демократските вредности и европската соработка.
Организаторите посочуваат дека целта на форумот е да се отвори дискусија за тоа како комуникацијата и медиумите можат да придонесат за зајакнување на европскиот имиџ, отпорноста и безбедноста.

