Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања рече дека за оваа година сме на ниво од 70 проценти од реализација на капиталните инвестиции и оти со несмалена динамика продолжуваме и следната година.
На новинарско прашање до каде е процесот на носење на законот за брзи кредити и за нелегалните агенции за наплата, Мицкоски рече дека очекува убава вест за граѓаните овие денови по ова прашање.
-Ќе имаме деновиве убава вест за граѓаните, кога станува збор за овие финансиски институции коишто се даватели на вакви услуги, односно брзи кредити. Сега во овој момент би се воздржал од каков било коментар, но заедно со Државниот пазарен инспекторат и Министерството за економија и труд, многу скоро од денеска ќе ги информираме граѓаните со убава вест – истакна премиерот во изјава за медиуми при посетата на Делчево.

