Денеска во Крива Паланка се одржа протест поради проблемот со кравите кои неконтролирано се движат низ градот и околината, предизвикувајќи револт кај дел од жителите. Протестот бил проследен со турканица меѓу некои граѓани и полициските службеници кои го обезбедувале просторот. Засега не е познато што ја предизвикало турканицата.
На протестот присуствуваа градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, како и пратеникот од Левица, Борислав Крмов. Крмов , заедно со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ.
Протестот го најави градоначалникот Митовски, кој вчера на социјалните мрежи објави фотографија од подготовките и порача дека нема да ги остави граѓаните сами во барањето решение за проблемот.
Причина за револтот е долгогодишниот проблем со повеќе од илјада крави кои слободно се движат низ Крива Паланка. Жителите се жалат на уништени земјоделски посеви, оштетен имот и загриженост за безбедноста, додека бараат надлежните институции да преземат мерки.
Од Левица обвинија дека институциите не постапуваат и покрај тоа што, како што наведуваат, за добитокот постојат решенија за одземање уште од 2024 година. Според партијата, граѓаните се принудени да протестираат бидејќи досега не било најдено решение за проблемот.
МВР официјално за кравите и народот
Полицијата денеска постави кордон на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир и на улицата „Св. Јоаким Осоговски“, со цел да ја гарантира безбедноста на граѓаните за време на најавениот протест во Крива Паланка, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„Ве известуваме дека на денешниот најавен протест во Крива Паланка од страна на МВР беше поставен кордон на магистралниот пат Крива Паланка и Деве Баир и улицата Св.”Јоаким Осоговски” со цел да им се обезбеди сигурноста на граѓаните. Протестот е завршен без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир“, информираат од МВР.
Причина за незадоволството на жителите се повеќе од илјада крави кои слободно се движат низ Крива Паланка, при што, според нивните реакции, предизвикуваат штети на земјоделските посеви и имотот, но и загриженост за безбедноста.
LANDOV Митовски пренесува сведоштво за жена што починала од срцев удар по напад од добиток
Протестот го најави градоначалникот Митовски, кој порача дека граѓаните нема да бидат оставени сами во барањето решение за проблемот.

