Процесот на отворање на граничниот премин Клепало е добрососедство, двонасочна улица. Очекувам овој процес да биде заокружен по принципот на добра волја и се надевам дека наскоро ќе биде отворен – изјави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Делчево.
-Тоа е добрососедство, тоа е двонасочна улица. Вие можете да сакате колку сакате, но ако другата страна нема барем приближно иста амбиција, тогаш вие сте немоќни. Така што очекувам овој процес да биде заокружен на основа на овој принцип — како двонасочна улица, по принципот на добра волја — и се надевам дека многу скоро и тој граничен премин ќе биде отворен – рече Мицкоски.

