Повторно денеска протест во Охрид, сега инициран од граѓанска иницијатива по последниот случај со насилство врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска која беше претепана до бесознание од Кристијан Корабоски и оставена на улица.
За разлика од протестот организиран од Форумот на жени на СДСМ, денес на протестот се појави таткото на Сара кој покажувајќи нејзина фотографија порача:
Ова е ќерка ми Сара. Ниту еден родител да не го види вакво своето дете и да не го доживее тоа што ни се случи на нас, рече кусо Ѓорѓиески.
Учесниците на протестот побараа одговорност од институциите и поголема заштита на жртвите.
Сара на 15 ноември беше претепана од Корабоски и оставена на улица, а случајот доби одек во јавноста откако нејзината мајка во статус на Фејсбук побара институциинална одговорност. На Корабоски првично му беа изречени мерки на претпазливост и тој беше пуштен од полициска станица, а потоа под пристисок на јавноста одлуката беше преименувана во 30-дневен притвор.
На Корабоски ќе му се суди на следнава недела на 27 ноември за три кривични дела – Телесна повреда, Противправно лишување од слобода и Загрозување на сигурноста.

