Белгиските авиони ловци од типот Ф-16 стационирани во воздухопловната база „Шјауљај“ во Литванија првпат досега се опремени со нови помали ракети од домашно прозиводство наменети за уништување дронови.
Тоа се ласерски наведувани ракети „ФЗ-275“ развиени од компанијата „Талес Белгија “ во соработка со белгиските Вооружени сили, кои Военото воздухопловство на Белгија ги користи како ново оружје и кои веќе испорачани и во Украина, каде што се тестираат на фронтот.
Станува збор за систем во форма на цевка кој содржи повеќе помали ракети. Белгиските авиони Ф-16, се опремени и со добро познатите ракети „воздух-воздух“, како што се „АИМ-9M“ и „АИМ-9Икс Сајдвиндер“, кои се докажани, но прилично поскапи ракети од „ФЗ-275“.
Белгиската воена индустрија „Талес Белгија“ долго време произведува мали ракети од 70 милиметри, кои меѓу другото се користат и кај борбените хеликоптери. Овие ракети сега се опремени со ласерски систем за наведување, што овозможува нивна поефикасна употреба против дронови. Бидејќи ракетите експлодираат штом ќе се приближат до дронот, се зголемува веројатноста за негово уништување.
Украина ги тестираат овие ракети на фронтот за да ја провери нивната ефикасност и да утврди дали се потребни некакви прилагодувања. Белгиското Воено воздухопловство е вклучени во процесот, но и самостојно извршија тестирања.
Овие проектили се особено значајни во услови кога постои сериозен недостиг од овој тип поевтини ракети за борба против дронови, бидејќи САД не можат да ги произведат доволно брзо во потребниот обем. Доколку системот на „Талес Белгија“ се покаже како ефикасен на фронтот во Украина, компанијата очекува големи нарачки за потребите на украинската противвоздушна одбрана.
Инаку, Белгија повеќе години како дел од НАТО, секоја година по неколку месеци учествува во надзорот на воздушниот простор над балтичките земји.
Оваа година, мисијата на НАТО за надзор над балтичките држави е преименувана од „Балтичка воздушна патрола“ во „Балтичка противвоздушна одбрана“. Ова значи дека на пилотите и на командната структура им се доделува поширок мандат за преземање дејствија, доколку е потребно.
Во рамките на „воздушната патрола“, леталата првенствено се користеа за идентификување, следење и придружување на целите, додека кај „противвоздушната одбрана“ акцентот е повеќе ставен на реално пресретнување, а понекогаш и на соборување на непријателски летала или дронови.

