Минус 10 степени се измерени утринава на Попова Шапка. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека минусни температури се измерени и во Крива Паланка, Крушево, Берово, Лазарополе, Виница, Струмица, Штип и Прилеп.
Над нулата температури се измерени во Претор, Скопје, Охрид, Тетово, Битола, Велес, Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија.
Дневната температура денеска ќе се движи од 6 до 12 степени, а времето ќе биде ведро, но постудено. Ќе дува и слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

