На 26 ноември 2026, во 10ч, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ –Скопје, по повод 180-годишнината од раѓањето и 110-годишнината од смртта на Хенрик Шенкевич, како и првото македонско издание на капиталниот роман „Потоп“ во издание на Бегемот, ќе се оджат два настана посветени на творештвото на првиот полски добитник на Нобеловата награда за литература.
Преку предавање и дебата ќе биде ставен акцент на значењето на книжевните класици, нивната актуелност денес, предизвиците на преведувањето на прозата на Шенкевич и присуството на полската литература во македонскиот културен простор.
Во рамките на настанот, во 13 ч, претставници на Амбасада на Република Полска во Скопје свечено ќе ѝ предадат на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ донација од романите „Со оган и со меч“ и „Потоп“.



