Бројот на жртви како резултат на рускиот напад врз Запорожје се зголеми на 50 лица , соопштија локалните власти, цитирани од Би-Би-Си.
„Бројот на жртви се зголеми на 50. Меѓу нив има едно бебе и четири деца“, изјави шефот на администрацијата на регионот Запорожје, Михаил Семикин.
Претходно беше објавено дека како резултат на нападот врз Запорожје загинале две лица, а уништена е приватна станбена зграда.
Две лица се повредени како резултат на паѓање на остатоци од руски дрон врз станбена зграда во населбата Шевченковски во Киев, соопшти градоначалникот на градот, Виталиј Кличко.
„Двајца повредени во населбата Шевченко. Двајцата беа згрижени од лекари на лице место “, напиша тој на Телеграм.
Кличко претходно објави дека пожар избувнал на првите два ката од 16-катната станбена зграда, како и во дворот.
Покрај тоа, пожар избувна во магацин во населбата Голосеевски како резултат на пад на дрон.

