Неколку стотини граѓани велерва се собраа пред македонското Собрание, во паркот „Жена-борец“ на протест против насилството врз жените.

Со транспаренти на кои пишува „Не е трагедија, фемицид е“ и „Не е љубов ако те убива“ граѓаните миро протестираат и велат, со години се повторува истото сценарио политичари и носители на функции се фотографираат, даваат ветувања и декларативно се обврзуваат на промени, но кога треба да се преземе конкретна акција, процесите заглавуваат.



Граѓанската организација бара до 10 декември итни мерки и законски измени, а не долгорочни кафански ветувања, најавуваат дека се тргнат попладнево, активизмот нема да запре, дека не им веруваат на институциите затоа што насилници се повеќе има и нема време за чекање. Посочуваат на ниско ниво на писменост и и свесноста на инстиуциите, и токму поради тоа тие ќе движат од Жена паркот пред Собранието, до Министерство за правда, а ќе завршат пред МВР каде ќе има подготвено перформанс кој ќе ја покаже пораката и активизмот против родовото насилство.
Блокади и протести и граѓанска непослушност ќе продолжат порачуваат од неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“
На блокадата пред Владата минатата недела присутните извикуваа „жени“, „живот“ и „слобода“, а со едноминутен молк им оддадоа почит на жртвите на фемицид.
Меѓу присутните беше и Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна девојка која пријавила дека нејзиниот поранешен партнер ја давел и ја задушувал со голи раце, како и дека подолг период била изложена на физичко и психичко насилство и закани по живот. Осомничениот, кој избегал од полицијата преку прозорец, бил пронајден по неколку дена, а судот му одредил осумдневен притвор.

