Шефот на пратеничката група „Александар Вучиќ – Србија победува“ вечерва изјави дека нема потреба да се враќа на власт, туку сака да послужи како штит во овие тешки времиња.
Гостувајќи на ТВ „Информер“, на прашањето што планира да прави по враќањето на власт, Вучиќ одговори дека нема намера – ниту потреба – да се враќа на власт.
„Сакам да издржам и да послужам како громобран и штит во овие тешки моменти. Не сакам да бидам како многу други кои беа присутни 14 години – во време кога им беше лесно – а ги немаше никаде штом стана тешко. Тоа многу зборува за еден човек“, рече Вучиќ.
Инаку тој во српскиот парламент ги нарече кретени опозицијата и сите кои аплаудираа, кога тој ја соопшти веста дека е уапсен сопоственикот на ТВ Информер, всушност неговиот пулен , кој ја ширеше пропагандата и невистините во СРБИЈА, а за кој тој сега жали. Очугледно на Вучиќ тешко му оди соошувањето дека е урнат од власт, па си препишува некои нови месијански улоги, а всушност полека останува сам во соочувањето со реалноста.

