Приведени се шест турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој. Против нив ќе биде поднесена пријава. Полицијата информира дека тие биле приведени на територија на општина Аеродром.
На 25.11.2026 во периодот од 10:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец ноември, ги приведоа Х.Ф(22), М.С.(22), С.Т.(25), Т.Ј.Е.(23), С.Б.С.(25) и М.Ч.(22) сите од Р.Турција, поради нерегулиран престој во државата, информира МВР.

