Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес, вчера одбележа 87 години од печатењето на збирката поезија на македонски народен јазик „Бели мугри“ од Коста Солев Рацин. На 25 ноември 1939 година во печатницата на Драгутин Шпулер, во Самобор, Република Хрватска, во 4 000 примероци, на 31 страница е отпечатена збирката поезија „Бели мугри“ на Коста Солев Рацин.
Песни во збирката : „Денови“, „Печал“, „Селска мака“, „Тутуноберачите“, „Ленка“, „Проштавање“, „Балада за непознатиот“, „Елегии за тебе“, „Утрото над нас“, „Татунчо“, „На Струга дуќан да имам“ и „Копачите“. Песните ги обработуваат тешкиот аргатски живот, печалбарството, сиромаштијата, класната неправда и борбата за слобода и достоинствен живот. Симболичниот наслов означува нов почеток и светло утро за обесправените.
Со само 12 творби на триесетина страници „Бели мугри“, претставува патоказ на современата македонска поезија и втемелувач на голем број јазични карактеристики кои неколку години подоцна се прифатени при кодификацијата на македонскиот литературен јазик.


