Во рамките на 27. издание на „Есенски музички свечености“, а во организација на Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, во соработка со Турскиот културен центар „Јунус Емре“ – Скопје,вечерва(26.11.2026), во Салон 19,19, во Културно Информативниот Центар –Скопје, во 18 часот, младата виолинистка Хатиџе Салиева ќе го одржи својот прв солистичкиот концерт.
На програмата се делата: „Четири годишни времиња“ од Антонио Вивалди, музика од филмот „Шиндлеровата листа“од Џон Вилијамс, пијано-придружба: Ива Виденовиќ, а концертот ќе се оджи под менторство на Аспарух Коневски.
Хатиџе Салиева е ученичка во Музичкото училиште „Луј Николовски“ во Скопје. И покрај младата возраст, таа веќе има остварено значајни резултати на музички натпревари. Во 2026 година освои прва награда на Државниот натпревар по виолина, како и специјална награда на Меѓународниот натпревар по виолина во Кавадарци.

