Точно три месеци откако законот за насилство за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство е поднесен во Собранието, а не е ставен на пленарна седница. Првиот човек на законодавниот дом тврди дека е испратен на мислење во Владата.
Во однос на законот што е во собраниска процедура, испратено е мислење до Владата. Штом добиеме мислење од Владата, законот ќе го пуштиме во собраниска процедура, изјави денеска Гаши.
И пратениците од опозицијата на дебатата за Предлог-буџетот за 2027 година барајќи средства за електронски алки за насилниците, укажуваа дека законот се чува во фиока и повикуваа да се стави во собраниска процедура. Во законот меѓу другото се предвидува итно остранување од сторителот од домот, а се зголемуваат и полициските овластувања. Вакво нешто најави и министерот за внатрешни работи.
До Собранието, тврди Гаши, сè уште не е доставено ниту барање за итна седница за насилството врз жените и семејното насилство.
Запрашан дали денеска на седницата за пратенички прашања ќе го потсети премиерот Христијан Мицкоски за Владата да даде мислење, Гаши рече дека ова е толку сензитивно прашање што секој од нив, носители на јавни функции, но и новинари и сите граѓани, сакаат тој закон што побргу да се донесе и да се намали насилството врз жените и воопшто да го нема ако може. – Но тоа ќе биде борба, која ќе треба сите да ја извојуваме заедно – рече Гаши.

