Во Друштвото на писатели на Македонија во 12 часот ќе биде претставена постхумно објавената книга „Обични луѓе“ од Славица Гаџова Свидерска, која содржи нејзини необјавени песни и раскази. За книгата ќе зборуваат Михајло Свидерски, Елизабета Јончиќ и Гордана Јовиќ-Стојковска.
Гаџова Свидерска (1984 – 2025) е македонска поетеса, есеистка, книжевна преведувачка и доктор по филолошки науки. Работела како лекторка по македонски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на Факултетот за странски јазици во Тирана, Албанија. Повеќе од една деценија беше главен уредник на издавачката куќа „Восток“.
Зад себе остави богат книжевен и поетски опус кој ги вклучува збирките „Бесконечност“ (2001), „Писма“ (2012), „Политики на љубовта“ (2015), „Тела“ (2016) и „Политики на стравот“ (2021). „Мистичен си, свету!“ (2025), како и постхумно објавената книга „Обични луѓе“ во (2026) година.
Нејзината научна дејност е забележана преку монографиите „Книжевноста и дискурсите на моќта“ (2013) и „Книжевноста и политичкото насилство“ (2018), како и есеите „За смислата и за апсурдот“ (2017), за релациите меѓу книжевноста, политичкото насилство и дискурсите на моќта, со фокус на влијанието на идеологијата и репресивните системи. Добитничка е на бројни книжевни награди. Од словачки јазик превела десетици книги. Преведувана е на англиски, кинески, арапски, шпански, португалски, италијански, бугарски, српски, хрватски, босански, чешки, словачки, турски и албански јазик.

