Македонскиот народен театар со почеток во 20 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Црно злато“, по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Слободан Унковски.
Во актерската екипа играат Јовица Михајловски, Мими Таневска, Камка Тоциновски, Нела Павловска, Григор Јовановски, Сашко Коцев, Софиа Насевска-Трифуновска и Гораст Цветковски.
Авторскиот тим го сочинуваат сценографот Бранко Хојник, костимографот Александар Ношпал и композиторот Златко Ориѓански. Асистент на режисерот е Звездана Ангеловска, асистент на сценографот Мартин Манев, а асистент на костимографот Никола Булески.
Извршни продуценти се Симона Угриновска и Виктор Рубен, организатор е Тадеа Павловска, инспициент Александар Рајковски, а суфлер Мирослав Атанасовски.
Дизајнот на плакатот и програмскиот каталог е реализиран со креативна поддршка на партнерите Publicis Groupe.
По премиерата, претставата ќе биде на репертоарот на МНТ и на 1, 4 и 29 декември, со почеток во 20 часот.

