Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги повика Украинците да обрнат посебно внимание на предупредувањата за воздушни напади во наредните денови, во услови на извештаи дека Русија подготвува нов масовен напад.
Зеленски го упати ова предупредување за време на своето вечерно видеообраќање, пренесе агенцијата Укринформ.
Претходно вчера, украинскиот претседател изјави дека, според разузнавачките податоци, Русија ги финализира подготовките за нов масовен напад, кој повторно би можел да биде насочен кон енергетски објекти, логистичка инфраструктура и витална инфраструктура во градовите и населените места.
На платформата X, Зеленски им се заблагодари на екипите за поправка, енергетските компании, комуналните служби и Државната служба за вонредни состојби за нивната работа на обновување на снабдувањето со електрична енергија по руските напади.
Тој истакна дека руските сили продолжуваат да ги напаѓаат електричните потстаници, далноводите и електроенергетската мрежа.
Зеленски предупредува: Русија подготвува нов масовен напад

