Синоќа, во населбата Златица во Подгорица, била фрлена бомба врз автомобилот на Небојша Јанковиќ, помошник-директор на Управата за извршување на кривични санкции (УИКС).
Ова неофицијално му е соопштено на порталот RTCG, при што се наведува дека возилото е целосно уништено.
Денеска, околу 04:00 часот наутро, дежурната служба на Одделението за безбедност во Подгорица била известена дека е активирана експлозивна направа на патничко возило, паркирано во дворот од домот на Јанковиќ.
Полициски службеници, во координација со Основното државно обвинителство во Подгорица, преземаат мерки и дејствија за расветлување на овој инцидент.
Црна Гора: Фрлена бомба врз автомобил на помошник-директор за извршување на кривични санкции (УИКС)

