Враќањето на Џенсен Хуанг на чело на технолошкиот гигант „Енвидија“ не претставува ризик за националната безбедност, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на средба со новинарите во својата резиденција во Мар-а-Лаго на Флорида, каде што го мина празникот Денот на благодарноста.
Трамп изјави и дека работел зад сцената, заедно со други официјални лица, за да го врати Хуанг на функциите извршен директор и пртседател на „Енвидија“, признание кое е изненадувачко, бидејќи е многу невообичаено американската Администрација да се меша во одлучувањето на приватна компанија од ваков ранг.
„Видов што ѝ се случи на компанијата, што се случи со неговите акции, и мислам дека е одлично што тој се врати. Пазарот реагира многу позитивно на тоа. Затоа сметам дека навистина направив нешто одлично за нашата земја, па дури и за светот“, рече Трамп.
Хуанг се повлече од функциите пред две недели, откако излегоа на виделина информации за негови повеќе вонбрачни афери, вклучително и една со наводна кинеска шпионка. Станува збор за шефица на компанијата „Мегаспид“, која е осомничена од американските разузнавачки служби дека им помагала на кинески компании незаконски да дојдат до чипови од „Енвидија“.
По заминувањето на Хуанг, вредноста на акциите на „Енвидиа“ нагло падна. Во понеделникот во неочекуван потег на Управниот одбор, Хуанг повторно беше именуван за извршен директор, што акциите на компанијата пораснаа.
Трамп жестоко се залагаше за негово враќање, што предизвика остри критики и од демократите и од републиканците, при што политичарите укажаа на опасноста по националната безбедност.
„Мислам дека тој апсолутно нема потреба да се грижи“, изјави Трамп.
На прашањето како може да биде толку сигурен, со оглед на тоа што Министерството за правда не најави спроведување темелна истрага против Хуанг, Трамп одговори дека неговото уверување се заснова на „информациите што ги имам, а тоа се многу информации“.
Критичарите поставуваат прашања за тоа каква лична корист имал Трамп од враќањето на Хуанг. Врз основа на информациите што претседателот е должен јавно да ги објави, се наведува дека Трамп заработил милиони долари од закрепнувањето на цената на акциите на „Енвидија“.
Според Трамп, Џенсен Хуанг е „многу среќен што се врати. Тој тоа го нарекува свој втор мандат“. Трамп исто така вели дека „веројатно наскоро ќе се сретне со Хуанг“.

