Утре вечер, 28.11.2026г. (сабота), во Отвореното графичко студио на Музејот на Град Скопје, во 20 часот, ќе биде отворена самостојна изложба насловена како „Меко ткиво“ на уметницата Јана Куновска.
Јана Куновска родена е во Скопје. Дипломирала во 1987 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство, во класата на проф. Танас Луловски. На ФЛУ и магистрирала во 2007 под менторство на проф. Јован Шумковски, а докторски студии посетувала на Метрополитан во Белград. Реализирала повеќе од 40 ликовни изложби во Македонија и низ светот – во Линколн центарот во Њујорк, во повеќе градови во Хрватска, во Германија, Бугарија, Словенија, Босна и Херцеговина

