Српската полиција вчера уапси 17-годишник во Белград, откако во просториите на мотелот што го користел пронашла снајперска пушка со пригушувач, пет рачни гранати и повеќе од 107 килограми супстанца за која се сомнева дека е дрога.
Малолетник од околината на Петровац на Млава е уапсен од припадници на полицијата во Нови Сад во соработка со Вишото јавно обвинителство во Пожаревац, соопшти српското МВР.
Што е пронајдено за време на претресот
При претресот на станот и другите соби на мотелот, полицијата пронашла околу 100 килограми супстанца слична на марихуана, 3,5 килограми супстанца слична на кокаин и четири килограми супстанца слична на хероин, соопшти српската полиција. Запленети се и две дигитални ваги и пет куршуми за пронајдената пушка
Малолетникот е осомничен за неовластено производство и трговија со дрога и нелегално производство, држење, носење и трговија со оружје и експлозивни материи.
По апсењето, тој бил изведен пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Пожаревац.
Полицијата не објави информации за потеклото на оружјето или за кого била наменета дрогата. Дали зна

