Вкупно пет луѓе се повредени во тешката сообраќајна несреќа што вечерва се случи на скопската обиколница кај Мирковци, во правец кон Тетово.
Според информациите од МВР, несреќа била пријавена во СВР Скопје во 19:10 часот и се случила по клучката Радишани во правец кон Тетово, а во неа учествувале три автомобили: „опел“, „мерцедес“ и „ауди“.
„Со повреди се здобиле пет лица, кои со возила на Итна медицинска помош се пренесени во здравствени установи за укажување помош. Сообраќајот во правец кон Тетово се пренасочува кај клучката Радишани. Се преземаат мерки за утврдување на причините за сообраќајната несреќа“, велат од МВР, без да откријат повеќе информации за тежината на повредите на луѓето кои учествувале во несреќата.
Судирот на трите автомобили предизвика огромен метеж и километарски колони на обиколницата вечерва.
Поради тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница кај селото Мирковци, вечерва се создадоа огромни колони, долги неколку километри, во насока кон Тетово.

