Поради уличен дефект на водоводна цевка со профил Ф 80 на улицата 35, кај број 3 во Волково, денеска од 9:45 часот е прекинато водоснабдувањето за дел од корисниците во оваа скопска населба.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, без вода се корисниците од улиците 103, 35, 37, 39, 41 и 43 во Волково, општина Ѓорче Петров.
Прекинот ќе трае до завршување на работните активности за отстранување на дефектот.

