Турски државјанин и 14-годишник биле лишени од слобода на Меѓународниот аеродром Скопје, откако при обид да ја напуштат државата приложиле бугарски патни исправи и лични карти за кои постои сомнение дека се фалсификувани.
Случајот бил откриен на 28 ноември околу 8 часот, на излез од државата, при гранична и пасошка контрола. Полициските службеници ги лишиле од слобода Б.З. (36) и 14-годишникот, двајцата државјани на Турција.
При проверката во евиденцијата било утврдено дека ден претходно тие влегле во државата преку Меѓународниот аеродром Скопје со уредни турски патни исправи, додека за излез се пријавиле со бугарски документи за кои постои сомнение дека се фалсификувани.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

