дома Македонија СДСМ го повикува Мицкоски да одговори дали ќе се прифаќаат мигранти, ВМРО-ДПМНЕ...

СДСМ го повикува Мицкоски да одговори дали ќе се прифаќаат мигранти, ВМРО-ДПМНЕ негира

Опозициската СДСМ бара од премиерот веднаш да ја објави целата содржина на разговорите со Британија и да одговори дали за неколку милиони евра подготвува да ја претвори Македонија во најголемиот мигрантски центар на Балканот

– Денеска „Тајмс“, еден од најреномираните британски медиуми, објави дека Владата на Мицкоски официјално преговара со Велика Британија за отворање мигрантски кампови во Македонија! Предавникот Мицкоски, кој се колнеше во татковина и викаше дека „шанса нема“ да има кампови, преговара да ја направи Македонија депонија за мигранти. Со ова предавство државата станува отпадна периферија на Европа. Според текстот, разговорите почнале уште во раната есен, во период кога Мицкоски во земјата глумеше патриот и уверуваше дека нема да се отвораат кампови. За секој примен мигрант, Мицкоски и владата ќе добиваат пари од Британија. Тоа значи дека Мицкоски ја продава државата, ја претвора во мигрантски логор за ситни пари. Ова е трговија со суверенитетот, со безбедноста и со иднината на нашите граѓани!, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги демантираа ваквите обвинувања.

– Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови. Ова е уште една лага од фабриката” на истата партија која пред само неколку години молчеше пред најголемиот мигрантски бран и ја претвори државата во транзитна зона без контрола. Денес, тие истите глумат загрижени патриоти, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение испратено до јавноста.

ПредходнаНиколоски од Брисел: Ќе потпишеме договор за изградба на брза пруга долж целиот Коридор 10
СледнаМерц: Сите земји мора да сносат ист ризик кога станува збор за замрзнати руски средства