По повод претстојниот верски празник Прочка – Поклади, надлежните институции од Делчево упатија апел до граѓаните за одговорно и законско одбележување на празникот, со посебен акцент на заштитата на животната средина и јавното здравје.

Од институциите потсетуваат дека дозволено е исклучиво палење смреков оган, во согласност со традицијата, додека строго е забрането палење гуми, пластика и друг вид отпад.
-Палењето гуми и отпад сериозно ја загадува животната средина, директно го загрозува здравјето на граѓаните и претставува дејствие спротивно на законските прописи, се наведува во апелот а ваквите постапки можат да предизвикаат сериозни последици, како загадување на воздухот, опасност од пожари и прекршочна или кривична одговорност за сторителите.




