Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во наредните денови заради влијание на поле на висок воздушен притисок ќе има стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.





