дома Локално Камен-темелник на уште еден продажен објект на „Лидл“ во скопска Гази Баба

Камен-темелник на уште еден продажен објект на „Лидл“ во скопска Гази Баба

  Во Општина Гази Баба денеска  ќе биде поставен камен-темелник на продажен објект на „Лидл“.

Камен-темелник на продажен објект на „Лидл“ во Општина Гази БабаСо овој настан, „Лидл“ официјално ќе го означи стартот на изградбата на уште еден маркет во главниот град, со што, како што информира компанијата, продолжува со засилено темпо да го реализира својот долгорочен инвестициски план во земјава.

На настанот ќе се обратат Гоце Гаврилов, директор за недвижности во „Лидл Северна Македонија“ и Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба.

Компанијата Лидл е дел од групацијата Шварц со седиште во Некарсулм, Германија, и е еден од водечките трговци со храна во Германија и во Европа. Лидл моментално управува со околу 12.600 маркети и повеќе од 230 дистрибутивни и логистички центри во 31 земја и вработува над 382 400 луѓе.

ПредходнаПретежно облачно со слаб локален дожд
СледнаКои се најдобрите градови во светот за одгледување деца?