дома Локално Промена на времето – од денеска дожд и заладување

Промена на времето – од денеска дожд и заладување

Од денеска се најавува промена на времето со локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, слаби врнежи од дожд се очекуваат попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Облачното време ќе се задржи и во следните неколку денови. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места ќе има услови врнежите да поминуваат во снег. Во среда и во четврток ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен правец, а од петок ќе дува северен ветер. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

ПредходнаУтре, делови од Скопје и скопската околија без струја
СледнаИзборот на нов претседател на РКЕ во собраниска процедура