дома Македонија Шилегов пред исклучување во СДСМ, најавува одговор за денес

Шилегов пред исклучување во СДСМ, најавува одговор за денес

Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука за исклучување на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов од членство во СДСМ. Шилегов, пак, одговорот го најавува за денеска.
Опозициската СДСМ доцна синоќа соопшти дека Извршниот одбор на партијата донел одлука да иницира постапка за исклучување на Шилегов од членство во партијата со образложение дека тој е уценет и одработува за ВМРО-ДПМНЕ.
– Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре, велат од СДСМ.
Шилегов, пак, како што објавија дел од медиумите, вчера не сакал да коментира од почит кон трагедијата во Кочани, но одговорот го најавил за денеска.

ПредходнаМоторџија , Македонец уапсен во Грција за возење мотор со брзина од 223 километри на час
СледнаОд денес со авион од Охрид до Братислава, а од 29 март и до Милано