дома Локално „Маалски бувљак“ повторно во Железара: Дајте му нов живот на „старото“

„Маалски бувљак“ повторно во Железара: Дајте му нов живот на „старото“

Во дворот на културниот простор „Комбо“ во скопската населба Железара  денска повторно несекојдневен настан што го спои корисното со креативното – „маалски бувљак“ посветен на реупотреба, дружење и заживување на заедницата.
 

Настанот, организиран во соработка со Europe House, привлече голем број граѓани кои дојдоа да разгледаат, разменат и купат предмети од „втора рака“ – од облека, книги и накит до антиквитети и уметнички дела. Покрај пазарувањето, атмосферата беше исполнета со разговори, пријателства и инспирација.

Фокусот на бувљакот како и на претходно орагнизираните минатат година е ставен на одржливи навики и размислување пред фрлање на „старото“.

„Дали можеме да го реставрираме и користиме повторно?“ беше прашањето кое стоеше зад секој предмет на маса. Идејата е јасна: помалку отпад, повеќе вредност, и посилна заедница.

Организаторите порачуваат дека овој тип настани има повеќе придобивки како за овој микро простор така и  пошироко, бидејќи ваквите маалски собири не само што имаат позитивен еколошки ефект, туку и ја оживуваат културната сцена и го поттикнуваат локалното претприемништво.

ПредходнаМВР официјално со детали: Поткупот од 50 000 евра најден под совозачкото седиште – приведен директорот на Државниот инспекторат за земјоделство
СледнаПочина сликарот Илија Пенушлиски