дома Македонија Политика СП: Вкупно 39 полицајци погрешно постапиле во случаите каде насилникот ја тепал...

СП: Вкупно 39 полицајци погрешно постапиле во случаите каде насилникот ја тепал Ивана

Вкупно 39 припадници на Министерството за внатрешни работи погрешно постапиле во случаите каде Стојанче Јовановски, сега обвинет за наведување на самоубиство на Ивана, го пријавувала својот сопруг дека ја тепа. Од МВР за „Слободен печат“ велат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  утврдил пропусти во постапувањето на 39 свои полициски службеници кои постапувале по пријавите за семејно насилство во конкретниот случај.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди достави известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. За сите дополнителни информации обратете се во надлежното обвинителство, изјавија од МВР за „Слободен печат“.

Јовановски многу пати бил пријавуван од својата сопруга и од нејзини блиски дека е насилен и агресивен, а не изостанувале ниту пријавите од соседите, но и од случајни минувачи на јавен простор.

Но, на МВР му требале 45 дена да испрати известување до Центарот за социјални работи Скопје дека имало „прекршок на јавниот ред и мир“. Семејното насилство најверојатно не го регистрирале, иако можеле да го заведат делото и под „загрозување на сигурноста“ што се гони по службена должност.

Чудно полицијата постапила и на 19 јануари 2026 година, еден месец по тепањето врз Ивана во паркот во Ѓорче Петров.  …. Никогаш не се обелодени што направила полицијата во овој случај и како го затворила случајот, но внатрешната контрола утврди дека има пропусти во работењето на полицајците и во овој случај.

Чудно постапување на полицијата имаше и на денот на самото самоубиство на Ивана со пад од тераса во скопската населба Тафталиџе, заедно со шестгодишната ќерка Катја. Имено, тој ден таа го пријавила Стојанче дека ја тепа на локации кои се јавни и регистрирани на камерите на „Сејф Сити“ – во близина на скопскиот Кривичен суд. Но, полицајците не го гонеле по службена должност, иако Ивана имала телесни повреди  …. Ивана имала телесни повреди на 2 март, но Стојанче не беше гонет по службена должност….

повеќе на Sloboden Pecat 

ПредходнаЗошто шарената лента на куферот не е добра идеја за патување
СледнаАктивисти реагираат по разрешувањето на директорката на Лајка