дома Локално Меморијална дуатлон трка во Скопје, затворени улици во Аеродром

Меморијална дуатлон трка во Скопје, затворени улици во Аеродром

За првпат денеска ќе се одржи меморијална дуатлон трка во чест на основачот на Триатлон федерацијата на Македонија, Ѓоко Кузмановски.

Трката ја организираат Спорт Клуб СОФКА од Скопје во соработка со Триатлон федерација на Македонија и Сојузот на спортови на Скопје.

– Со овој настан се оддава признание на неговиот огромен придонес за развојот на триатлонот во земјата. Пред 25 години, со голем ентузијазам и визија, Кузмановски ги постави темелите на Федерацијата, придонесе за формирање на нови клубови и активно работеше на пренесување на знаење, спортски дух и солидарност меѓу сите членови, велат организаторите.

Натпреварот ќе вклучува трчање, потоа возење велосипед и завршно повторно трчање.

На програмата се предвидени четири старта, со почеток во 9:00 часот и завршување во 13:30 часот, кога се очекува финиш на последниот натпреварувач од последниот старт. Стартот ќе биде пред влезот на СЦ „Јане Сандански“.

Поради трката затворени ќе бидат улицата „Васко Карангелески“ и булеварот „Асном“ во општина Аеродром.

 

ПредходнаТопло до утре, од вторник повторно дожд
СледнаФилипче на Х- Моето чувството не лаже.Почна откривањето на Орбановите мафијашки мреже во Унгарија. На ред се тесните врски и криминали со ВМРО